
Прогностички фактори кај детската акутна лимфобластна леукемија- преглед на литература
Author(s) -
Александра Јовановска,
Ката Мартинова
Publication year - 2021
Publication title -
arhivi na javnoto zdravje
Language(s) - Russian
Resource type - Journals
ISSN - 1857-7148
DOI - 10.3889/aph.2021.5732
Subject(s) - psychology
Во последните неколку декади е остварен значаен напредок во терапискиот исход кај детската акутна лимфобластна леукемија (АЛЛ), што резултира со денешно 5-годишно вкупно преживување кое достигнува до 90%. Овој импресивен успех се должи на примената на ефикасни, комбинирани хемотераписки режими и прецизна стратификација на пациентите во ризични групи според добро дефинирани прогностички фактори кои ги вклучуваат клиничките карактеристики присутни при дијагнозата, биолошките и генетските карактеристики на леукемиските клетки и раниот одговор на терапија. Пациентите кои се класифицираат во прогностичка група со низок ризик се третираат со помалку интензивна терапија, додека за тие со високо-ризични карактеристики се применуваат поагресивни режими. Минималната резидуална болест (МРБ) во моментов претставува најважен и независен предиктор на терапискиот исход. Во овој ревијален труд се опишани клиничките, биолошките карактеристики и раниот одговор на терапија како и актуелните сознанија кои ја поддржуваат нивната клиничка примена кај детската АЛЛ.