z-logo
open-access-imgOpen Access
Kвантитативно одредување на калпротектин во асцит кај пациенти со спонтан бактериски перитонитис
Author(s) -
Фана Личоска-Јосифовиќ,
Мери Трајковска,
Kalina Grivčeva-Stardelova,
Viktoria Caloska-Ivanovska,
Розалинда Попова-Јовановска,
Лидија Петковска,
Емилија Петровска,
Сефедин Биљали
Publication year - 2020
Publication title -
archives of public health
Language(s) - Uncategorized
Resource type - Journals
ISSN - 1857-7148
DOI - 10.3889/aph.2020.4475
Subject(s) - calprotectin , ascites , gastroenterology , medicine , chemistry , inflammatory bowel disease , disease
Спонтаниот бактериски перитонитис (СБП) кај пациентите со црнодробна цироза е новонастаната, спонтана бактериска инфекција на стерилна асцитна течност, во отсуство на интраабдоминални извори на инфекција или малигнитет. Најсензитивен показател за поставување на дијагнозата е бројот на полиморфонуклеарни клетки (ПМНК) ≥250 во 1 мл асцитна течност (рачно микроскопско или автоматизирано пребројување) и/или кога во микробиолошката култура биде изолиран еден бактериски вид. Цел на трудот е да се одреди концентрацијата на калпротектин во асцит кај пациентите со СБП и не-СБП, да се споредат просечните вредности на Turcotte-Pugh II и MELD скорот кај пациентите со СБП и не-СБП  и просечните вредности на C-реактивниот протеин во серум и во асцит во испитуваните групи. Материјали и методи. Во оваа проспективно-аналитичко-опсервациска пилот студија беа вклучени 30 пациенти со црнодробна цироза и асцит, поделени во две групи, СБП и не-СБП. Квантитативното мерење на калпротектин во асцит се вршеше  со тестот Quantum Blue Calprotectin Ascites (LF-ASC25). Тестот е дизајниран за селективно мерење на антигенот на калпротектинот (MRP8/14) со директен сендвич имуноесеј. Примероците од асцитот се разредуваа со  Chase Buffer во однос 1:5 и по 12 минути инкубација на собна температура,  интензитетот на сигналот на линијата за тестирање и контролната линија се мереа квантитативно со BÜHLMANN Quantum Blue®Reader. Собраните податоци се обработија со помош на статистичкиот програм SPSS 23 за Windows. Резултати. Во нашата студија просечната вредност на калпротектин кај пациентите со СБП изнесуваше 1,4 μg/mL. Најниската вредност на калпротектин во испитуваната група беше регистрирана кај еден пациент со вредност од 0,61 μg/mL,  додека највисока вредност од 1,81μg/mL кај четири пациенти. Резултатите покажаа повисоки вредности на калпротектин во асцит кај пациентите со алкохолна болест на црниот дроб во споредба со останатите етиологии. Рефракторен асцит се регистрира кај 60,0% од испитаниците, а само кај еден пациент (6,7%) се регистрира Klepsiella pneumoniae во  микробиолошката анализа на асцитот. Според Child-Turcotte-PughII класификација сите пациенти од испитуваната група беа класа C, додека просечната вредност на MELD скорот изнесуваше 29,8±6,14. Разликата помеѓу просечните вредности наC-реактивниот протеин во серум и во асцит кај пациентите со СБП  беше статистички сигнификантна во споредба со не-СБП.  Заклучок. Kвантитативното одредување на калпротектинот во асцит со тестот Quantum Blue Calprotectin Ascites(LF-ASC25) може да се користи како алтернатива наполиморфонуклеарните клетки (ПМНК) во асцит. СБП се јавува кај пациенти со сериозна црнодробна дисфункција пресметана според Child-Pugh II скорот и MELD скорот. Вредноста на C-реaктивниот протеин во серум и во асцит кај пациентите со СБП немаше високи вредности ,но сепак беше утврдена сигнификантна разлика во споредба со пациентите со не-СБП.  

The content you want is available to Zendy users.

Already have an account? Click here to sign in.
Having issues? You can contact us here
Accelerating Research

Address

John Eccles House
Robert Robinson Avenue,
Oxford Science Park, Oxford
OX4 4GP, United Kingdom