z-logo
open-access-imgOpen Access
Зголемени вредности на IL-8 во ран втор триместар и нивната поврзаност со предвремено раѓање
Author(s) -
Kateriikoloska,
Iva Malahova Gjoreska,
Ivi Kaev,
Aleksandar Petlickovski
Publication year - 2020
Publication title -
arhivi na javnoto zdravje
Language(s) - Uncategorized
Resource type - Journals
ISSN - 1857-7148
DOI - 10.3889/aph.2020.4472
Subject(s) - medicine
Цитокините (IL-1, IL-6, IL-8, TNF- Alfa) се од исклучително значење во бременоста и тие се продуцираат од страна на постелката во амнионската течност и се зголемени доколку постои интраутерина инфламација. Целта на студијата беше да се докаже соодносот на покаченото ниво на IL-8 во амнионската течност во почетокот на раниот втор триместар (16-22 г.н.) и предвременото породување (< 37 г.н.). Материјал и методи: Во оваа проспективна студија беа вклучени 150 гравидни пациентки, каде постоеше медицинска индикација за изведување на амниоцентеза (напредната мајчина возраст, висок ризик на PRISCA I, суспектни аномалии на фетусот, вирусни инфекции, или по желба на мајката). По потпишана согласност за учество во студијата, сите пациентки беа анализирани, односно на сите пациентки им беше направен ехо преглед, вагинална цервикометрија, и беа земени дополнителни 5 мл амнионска течност при изведување на амниоцентезата. Сите пациентки беа следени сè до нивното породување, каде точно беше нотирана гестациската недела на породување, а потоа споредена со нивото на IL-8. Резултати: Сите 150 пациентки беа во периодот од 16-22 гестациска недела. Кај 20 од вкупно 150 пациентки констатиравме предвремено раѓање, додека, пак, 120 пациентки се породија во термин. 139 пациентки имаа зачнато природно, додека 9  со ИВФ и ЕТ, од кои три се породија предвремено. 80% од пациентките кои се породија предвремено имаа зголемени вредности на IL-8. Средната вредност на должина на цервиксот кај оние кои се породија во термин беше 32,1 мм, додека кај оние превремено породени беше 30,7 мм. Заклучок: Оваа студија јапотврди оправданоста за испитување цитокини како метод за откривање на асимптоматски промени кај пацинтки кое ќе се породат предвремено.

The content you want is available to Zendy users.

Already have an account? Click here to sign in.
Having issues? You can contact us here