Open Access
Квалитет на живот кај пациентите кои се на медикаментозен третман за бенигна простатична хиперплазија
Author(s) -
Maja Sofronievska-Glavinov,
Svetlana Jovevska,
Mihail Kočubovski
Publication year - 2019
Publication title -
arhivi na javnoto zdravje
Language(s) - Russian
Resource type - Journals
ISSN - 1857-7148
DOI - 10.3889/aph.2019.2860
Subject(s) - computer science
Целта на ова истражување беше да се одреди влијанието на симптомите и ефектите од медикаментозниот третман врз квалитетот на живот на пациентите со бенигна простатична хиперплазија (БПХ). За таа цел направивме евалуација на две групи пациенти преку интернационален прашалник за скорирање на симптомите на долен уринарен тракт, Беков прашалник за депресија и прашање за квалитетот на животот. Првата (контролна) група ја сочинуваа пациенти со БПХ кои беа на терапија со алфаблокатор, додека вторатагрупа (испитувана) пациенти беа на комбинирана терапија со алфаблокатор и 5-алфа-редуктаза инхибитор. При анализа на резултатите дојдовме до заклучок дека пациентите во контролната група имаа подобар квалитет на живот како и психосоцијален статус кои се должат на послабо изразените симптоми на болеста. Пациентите во втората група имаа полош квалитет на живот заради појавата на несакани ефекти од терапијата со 5АРИ: еректилна дисфункција и депресија, како и заради потешко изразените симптоми. Модалитетите во терапевтскиот пристап овозможуваат подобрување на симптомите во втората група и подобрување на квалитетот на живот на пациентите со двојна терапија за БПХ.