z-logo
open-access-imgOpen Access
Подобрување на човековите права во здравствената заштита во Република Македонија
Author(s) -
Muhamed Tairi,
Fimka Tozija
Publication year - 2019
Publication title -
arhivi na javnoto zdravje
Language(s) - Russian
Resource type - Journals
ISSN - 1857-7148
DOI - 10.3889/aph.2019.2842
Subject(s) - medicine
Правата на пациентите произлегуваат од општите човекови права и се важен сегмент во процесот на ,,европеизација“ на Република Македонија. Главна цел на оваа студија беше да се анализира легислативната рамка на човековите права во здравствената заштита во Република Македонија и имплементацијата во пракса. Материјал и методи:  Студијата е дизајнирана како дескриптивно–аналитичка студија на пресек, во која беше применет јавноздравствен пристап, информатичко-аналитичен метод и метод на синтеза на евиденција (evidence synthesis) за анализа на релевантната легислатива. Беше спроведено  анкетно истражување на репрезентативен стратифициран примерок на пациенти во Полошкиот Регион, во период од два месеци, октомври-ноември во 2017 година, во Клиничката болница во Тетово и Општата болница во Гостивар. Резултати: Беше анализиран правниот систем на Република Македонија и беше спореден со 6 држави во транзиција, кои претрпеа низа суштински реформи во последниве години. Легислативната рамка во Република Македонија претставува сеопфатна рамка за заштита на правата на пациентот, со која на пациентот му се загарантирани законски права во процесот на лекувањето, почитувањето и заштитата на неговата личност и интегритет. Во овој труд имплементацијата на правата на пациентите во пракса беше анализирана преку имплементацијата на две права на пациентите, и тоа: право на информираност за препорачаните медицински интервенции и право на прифаќање и одбивање на определена медицинска интервенција. 85,2% од анкетираните пациенти имале информации за правото на информираност за препорачаните медицински интервенции, а 14,8% немале. 72,1% од анкетираните пациенти имале лично искуство за ова право, додека 27,9% немале. Во однос на правото на прифаќање и одбивање на определена медицинска интервенција, 77% од анкетираните пациенти имале информации за ова право, а 23% немале. Значително помало беше личното искуство за ова право, односно само 32,8% од анкетираните пациенти имале лично искуство, а 67,2% немале. Разликите беа сигнификантни во одговорите за двете права, и за информацијата и за личното искуство. Заклучок: Човековите права во здравствената заштита во Република Македонија се рефлектирани во националната легислатива која е хармонизирана со европската и меѓународната. Меѓутоа,  потребно е подобрување на имплементацијата на правата на пациентите во пракса, преку подигнување на свеста на граѓаните за познавање на правата на пациентите и поттикнување на медицинскиот персонал за почитување на правата на пациентите

The content you want is available to Zendy users.

Already have an account? Click here to sign in.
Having issues? You can contact us here