z-logo
open-access-imgOpen Access
Токсични елементи во ориз, пченично брашно и производи од брашно од македонскиот пазар
Author(s) -
Nadica Todorovska,
Suzana Dinevska-Kjofkarovska,
Orce Popovski,
Елисавета Стикова
Publication year - 2018
Publication title -
arhivi na javnoto zdravje
Language(s) - Russian
Resource type - Journals
ISSN - 1857-7148
DOI - 10.3889/aph.2018.2244
Subject(s) - chemistry , zoology , biology
Безбедноста на житата и житните производи е од големо нутритивно и токсиколошко значење, бидејќи житната индустрија и нејзините производи имаат голема економска и социјална важност на светско ниво. Во ова пилот истражување е испитана концентрацијата на токсичните елементи во траги арсен, кадмиум и олово, во три мостри од различни производители на ориз: 11,67+5,69mg/kg, 25,67+6,43mg/kg, 47,67+18,01mg/kg, пченично брашно: 7+5mg/kg, 9+1,73mg/kg, 69,92+16,92mg/kg за As, Cd и Pb, соодветно, и производи од брашно (леб: 9,33+2,08mg/kg, 6,67+0,58mg/kg, 36+3,6mg/kg, тестенини: 1,61+1,15mg/kg, 2,67+2,08mg/kg, 30+7mg/kg и чајни колачи: 4,67+4,04mg/kg, 1,33+0,58mg/kg, 53+9,64mg/kg за As, Cd и Pb, соодветно) од македонскиот пазар, со употреба на хидридно генерирачка и електротермичка атомска апсорпциона спектрометрија со мокра дигестија. Извршена е пресметка на учеството во просечниот дневен внес за токсични елементи внесени преку дневна консумација на жито и производи од жито (20% од целодневниот оброк). Придонесот на As (9,86%), Cd (10,02%) и Pb (11,39 %) спореден со просечниот дневен внес и прифатливиот толериран дневен внес, PTDI, беше низок, што покажува дека овие производи се безбедни за употреба во однос на испитаните токсични елементи. Нивоата на токсичните елементи во мострите на македонскиот ориз, пченично брашно и производи од брашно се споредливи со резултатите добиени од различни делови од светот и нивниот внес не претставува здравствен ризик за потрошувачите.

The content you want is available to Zendy users.

Already have an account? Click here to sign in.
Having issues? You can contact us here