z-logo
open-access-imgOpen Access
Улогата на пробиотикот „Диастоп пробио” во превенција на колонизација и инфекција со Clostridium difficile кај хоспитализирани пациенти
Author(s) -
Elena Trajkovska-Dokic,
Kiril Mihajlov,
Katja Popovska,
Gordana Mircevska,
Андријан Карталов,
Билјана Кузмановска
Publication year - 2018
Publication title -
arhivi na javnoto zdravje
Language(s) - Russian
Resource type - Journals
ISSN - 1857-7148
DOI - 10.3889/aph.2018.1880
Subject(s) - clostridium difficile , microbiology and biotechnology , meropenem , imipenem , c difficile , clindamycin , amikacin , medicine , ciprofloxacin , biology , antibiotics , antibiotic resistance
Механизмите за адаптација со кои располагаат микроорганизмите од цревниот микробиом го одредуваат нивното квалитативно и квантитативно присуство. Еден од најзначајните фактори кои значајно го нарушуваат цревниот микробиом, овозможувајќи им на условно патогените бактерии да предизвикаат инфекции, е употребата на антибиотиците во терапија на голем број инфекции. Токму таква е инфекцијата која ја предизвикува C. difficile. Целта на нашата студија беше да се испита дали пробиотикот „Диастоп пробио” може да ја превенира колонизацијата и инфекција со C. difficile кај хоспитализирани пациенти. Материјал и методи: Во студијата беа вклучени вкупно 32 пациенти, кои беа третирани истовремено со два од наведените антибиотици: Ceftriaxon, Clindamycin, Ciprofloxacin, Imipenem, Meropenem и Amikacin. Шеснаесет пациенти ја сочинуваа групата на испитаници, кои го примаа и пробиотикот „Диастоп пробио”, а другите 16 пациенти од контролната група не добиваа пробиотик. Од сите пациенти беа добивани по два примерока за детекција на колонизација или инфекција со C. difficile, со класични микробиолошки техники. Истовремено беше проценувана и квалитативната застапеност на нормалната цревна флора. Резултати: Кај пациентите од групата испитаници, процентот на детектираните токсични соеви на C. difficile беше 3 пати повисок во однос на пациентите од контролната група (p<0,05). Истовремено кај пациентите кои примаа пробиотик  беше забележан сигнификантно помал процент на дизбаланс во нормалната цревна флора (p<0,05). Кај сите пациенти кои не примаа пробиотик нормалната цревна флора беше редуцирана или потполно отсутна, а 43,75% од нив беа носители на патогени микроорганизми: P. aeruginosa, VRE, ESBL+ E. coli и Candida albicans. Заклучок: Третирањето на хоспитализираните пациенти со пробиотикот „Диастоп пробио”, како дополнување на нивната антибиотска терапија, придонесува за: значајно намалување на дизбалансот во цревната флора, кој е важен предуслов за колонизација со C. difficile, значајно намалување на фреквенцијата на инфекцијата со C. difficile, што резултира со намален ризик за развивање на некоја од можните живото загрозувачки компликации. Ординирањето на испитуваниот пробиотик истовремено со спроведување на антибиотската терапија кај хоспитализираните пациенти би го спречило населувањето на нивниот дигестивен тракт со значајни микроорганизми, за кои е познато дека предизвикуваат интрахоспитални инфекции.

The content you want is available to Zendy users.

Already have an account? Click here to sign in.
Having issues? You can contact us here