z-logo
open-access-imgOpen Access
Лексички средства за изразување на модалноста во македонскиот стандарден јазик
Author(s) -
Виолета Јанушева
Publication year - 2021
Publication title -
mundo eslavo
Language(s) - Russian
Resource type - Journals
eISSN - 2255-517X
pISSN - 1579-8372
DOI - 10.30827/meslav.vi20.21826
Subject(s) - geology , geography
Oвој труд има за цел да ги идентификува лексичките средства за изразување на модалноста што се употребуваат во македонскиот јазик во новинарскиот дискурс, нивната функција и нивните особености. Истражувањето е описно, а податоците се собрани од голем број новинарски статии од електронски весници во Република Северна Македонија. Примерокот го сочинуваат 10 000 резултати на пребарувачот Гугл  („Google“). Во анализата на податоците се поаѓа од системската функционална анализа на Халидеј (Halliday, 1994) што ја поврзува модалноста со интерперсоналната функција на јазикот и го нагласува ставот на зборувачот во однос на вистинитоста на исказот, како и од ставот на Фаулер (Fowler, 1994) за тоа дека уредниците или новинарите употребуваат текстуални стратегии за да се нагласат говорните чинови со кои се изразуваат вредности и верувања. Резултатите од истражувањето покажуваат дека, како и во другите јазици, и во македонскиот јазик во јазикот на печатот има голем број лексички средства за изразување на модалноста. Од резултатите се гледа и дека новинарските статии не само што информираат туку и го насочуваат читателот кон одредена гледна точка преку употребата на соодветни модални лексички средства.

The content you want is available to Zendy users.

Already have an account? Click here to sign in.
Having issues? You can contact us here