z-logo
open-access-imgOpen Access
Kлиментовската традиција вo македонската средновековна писменост (по повод 1100-годишнината од упокојувањето на св. К лимент Охридски)
Author(s) -
Лилјана Макаријоска
Publication year - 2018
Publication title -
croatica et slavica iadertina
Language(s) - Russian
Resource type - Journals
eISSN - 1849-0131
pISSN - 1845-6839
DOI - 10.15291/csi.1439
Subject(s) - materials science
Предмет на нашиот интерес се јазичните особености (фонетско-правописни, морфо-синтаксички и лексички) на македонските црковнословенски текстови од XII до XV век, кои се поврзуваат со дејноста на Охридската (Климентова) книжевна школа. Се изделуваат особености кои се познати и во другите редакции на црковнословенскиот јазик, но и некои со кои се одликуваат македонските текстови (вокализацијата на еровите ú > о, ü > å, деназализацијата © > а, ó, ú). Најстарите охридски ракописи ги карактеризираат бројни архаизми, чување на грцизмите итн., а надоврзувањето на кирилометодиевскиот период и архаичниот карактер на јазикот се препознаваат и во подоцнежната македонска писменост. Анализата го потврдува развојот на фонетско-правописниот систем (вокализацијата на еровите, мешањето на назалите и деназализацијата како одраз на старата дијалектна диференцијација, употребата на ı, замената на û и è, ограничената употреба на јотираните вокали, контракцијата на вокалите; чувањето на епентетското л, затврднувањето и промените во консонантските групи); промените во именскиот систем што доведуваат до упростување на синтетичката деклинација, предлошко-падежните конструкции за изразување на синтаксичките односи; архаичните глаголски форми и подновувањата под влијание на јазичната средина; јазичните особености што се однесуваат на усогласувањето на народниот говор со старата писмена традиција. И во лексичкиот систем се изделува архаичен слој како дел од кирилометодиевското наследство и лексички варијанти што укажуваат на специфичните особености на македонската редакција; се проследуваат и определени зборообразувачки тенденции.

The content you want is available to Zendy users.

Already have an account? Click here to sign in.
Having issues? You can contact us here
Accelerating Research

Address

John Eccles House
Robert Robinson Avenue,
Oxford Science Park, Oxford
OX4 4GP, United Kingdom