z-logo
open-access-imgOpen Access
Local etiological factors for the appearance of early childhood caries
Author(s) -
Olga Kokoceva Ivanovska
Publication year - 2020
Publication title -
archives of public health
Language(s) - Russian
Resource type - Journals
ISSN - 1857-7148
DOI - 10.3889/aph.2020.5218
Subject(s) - medicine , early childhood caries , breastfeeding , oral hygiene , dentistry , tooth brushing , etiology , pediatrics , infant feeding , oral health , toothbrush , psychiatry , electrical engineering , engineering , brush
Во раното детство, на возраст од 1-1,5 година, непосредно по ерупцијата на забите во устата на малото дете, често се јавува специфична форма на кариес, која ги зафаќа само млечните заби. Целта на трудот беше да утврдиме кои локални фактори влијаат на појавата на ова дентално заболување во најраното детство. Материјал и методи: На Клиниката за детска и превентивна стоматологија кај деца на возраст од 1,5-3,5 години, со стандарден клинички преглед дијагностициравме почетни стадиуми на циркуларен кариес: иницијална лезија и суперфицијална форма. На мајките на децата со дијагностициран циркуларен кариес им приложивме однапред подготвен прашалник кој содржеше податоци за: должината на периодот на доење, исхраната на детето со шише со цуцла и најчесто консумираните содржини. Потоа, податоци за орално хигиенските навики по хранењето со шише како и дневната фреквенцијана четкање заби на детето. Резултати: Само 30% од мајките ги доеле децата до 6-тиот месец, а 40% до третиот месец и пократко. Околу 15% од мајките примале профилакса со флуор во текот на бременоста и лактацијата. Најголем процент од испитаниците, околу 24%, биле хранети со шише со цуцла, во пролонгиран временски период, до три и повеќе години. Најчесто консумирани содржини од шишето биле индустриските засладени сокови (48%) кои испитаниците најмногу ги консумирале во текот на ноќта (40%). Орално-хигиенски мерки по хранењето со шише одржувале само 16% од испитаниците. Дневната фреквенција на миење заби кај детето била најмногу еднаш дневно (32%). Заклучок: Анализата на резултатите покажа дека циркуларниот кариес е почест кај децата кои биле доени краток временски период, а за сметка на тоа го користеле шишето во секојдневната исхрана. Најчесто консумирале индустриски сокови кои се сметаат за „кариогени“ напитоци, бидејќи се потенцијално ризични за млечните заби, особено доколку се консумираат во текот на ноќта (pH на плунката опаѓа и се сведува на 0). Извадок

The content you want is available to Zendy users.

Already have an account? Click here to sign in.
Having issues? You can contact us here
Accelerating Research

Address

John Eccles House
Robert Robinson Avenue,
Oxford Science Park, Oxford
OX4 4GP, United Kingdom