Correlation between vitamin D serum level and total IgE in asthmatic children
Author(s) -
Vesna Micevska,
Таtjana Jakovska Mareti,
Ilija Kirovski,
Olivera Jordanova
Publication year - 2020
Publication title -
archives of public health
Language(s) - Russian
Resource type - Journals
ISSN - 1857-7148
DOI - 10.3889/aph.2020.4069
Subject(s) - asthma , medicine , vitamin d and neurology , immunoglobulin e , gastroenterology , correlation , immunology , pediatrics , antibody , geometry , mathematics
Астмата е хронична болест на дишните патишта која се карактеризира со реверзибилна бронхоопструкција, клеточна инфилтрација и инфламација на дишното стебло. Последните неколку децении се бележи зголемен интерес на медицинската наука за значењето на витаминот Д во развојот на астмата и другите алергиски заболувања. Цели на овој труд беа: споредба на вредноста на серумското ниво на витамин Д кај децата со астма и здрави деца и одредување на корелацијата на нивото на витамин Д во серум со нивото на серумското вкупно ИгЕ. Материјал и методи: Оваа проспективна студија вклучи испитувана група од 32 (23 машки и 9 женски) пациенти на возраст од 2 до 14 години и контролна група од 38 пациенти (23 машки и 15 женски), здрави деца (пациенти без астма) на иста возраст. Во двете групи беше одредено нивото на серумскиот витамин Д, а кај испитуваната група и вредностите на серумско ИгЕ. Резултати: Во испитуваната група со витамин Д со дефицит беа 28%, инсуфициентни 50% и со нормални вредности 22% од децата. 18% од пациентите во контролната група беа со дефицитни (<20 ng/ml), 45% со инсуфициентни (20-30 ng/ml) и 37% со нормални вредности (>30 ng/ml) на витамин Д. Средната вредност на нивото на серумскиот витамин Д во контролната група изнесуваше 27,83 ng/ml +/10,24, а во испитуваната 20,9 +/10,72, со статистички сигнификантна разлика помеѓу двете групи (p< 0,05). Средните вредности во подгрупите од двете групи според возраст (2-5 год и над 5 год), не покажаа статистички сигнификантна разлика додека статистички сигнификантно намалена средна вредност се доби кај женските деца од испитуваната група. Во испитуваната група деца беше анализирана и корелацијата на нивото на серумските вредности на 25OHD и вкупниот ИгЕ како еден од најважните параметри во дијагностичкиот протокол за астма, при што беше добиена негативна корелација на испитуваните параметри (r= -0,55). Заклучок: Со одредувањето на серумското ниво на витамин Д кај пациенти со астма се покажува директната зависност на развојот на симптомите на болеста од степенот на неговиот дефицит. Извадок
Accelerating Research
Robert Robinson Avenue,
Oxford Science Park, Oxford
OX4 4GP, United Kingdom
Address
John Eccles HouseRobert Robinson Avenue,
Oxford Science Park, Oxford
OX4 4GP, United Kingdom